(ФОТО) Трпел неподносливи болки, морал да оди на операција, а потоа завршил во Гинисовата книга на рекорди

Поранешен подофицер во Шри Ланка отстранил камен од бубрег од 801 грама, што е повеќе од пет пати поголем од тежината на просечниот машки бубрег, соопштила војската.
Каменот бил долг 13,37 см, а просечниот бубрег е долг од 10 до 12 см.
Армиски лекари во Шри Ланка го отстраниле најголемиот и најтешкиот камен во бубрегот на светот за време на операција на пензиониран војник, соопштилаа војската на Шри Ланка. Војската соопшти дека на 62-годишниот поранешен подофицер му бил отстранет камен од бубрег од 801 грама, што е повеќе од пет пати поголема од тежината на просечниот машки бубрег.


„Најголемиот и најтешкиот камен во бубрегот во светот е хируршки отстранет на 1 јуни во воената болница во Коломбо“, се вели во соопштението на војската. Оваа вест беше објавена откако рекордот беше признат од Гинисовата книга на рекорди. Претходниот рекорд – 620 г – за камен во бубрег е забележано во 2008 година во Пакистан, според Гинис.
„Најважно за нас е бубрегот да функционира нормално и покрај толкав камен“, рекол воениот хирург К. Сутаршан.
Воениот пензионер за локалната телевизија изјавил дека од 2020 година страда од болки во стомакот, а лековите што ги земал воопшто не му помогнале.
Инаку, камењата во бубрезите се формираат со таложење на минерални соли во бубрегот, орган кој ја прочистува крвта.

Фото: Принтскрин/Twitter


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утрешен хороскоп за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 28.04.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: На Овенот им претстои релаксиран ден, да го поминат на начин кој им …