Рут Линеа Ингегард Ларсон доаѓа од Шведска и со личен пример докажува дека границите за постигнување цели постојат само во нашиот ум.
Оваа храбра жена имала адреналински сон – да стане најстариот падобранец во светот. На возраст од 103 години и 259 дена, таа тргна на неверојатен „слободен пад“ и стана најстарата жена на планетата која успеала да постигне неверојатен тандемски скок со падобран.
Таа го направила скокот со експертот за падобранство Јоаким Јохансон во Мотала, Шведска, на 29 мај 2022 година.
Членовите на семејството и дале голема поддршка, чекајќи нивната мајка, баба и прабаба безбедно да слета на земјата и да замине во историјата.
Тој 29 мај бил сончев и убав, метеоролошки совршен за Рут да го направи она за што фантазирала. Покрај семејството, ја чекале и новинарите од локалните медиуми. За време на скокот, Рут сакала да ја слуша песната на Ласе Далквист „Try Your Wings“, во духот на потфатот.
„Убаво е што надвор е се потопло“, ѝ рекла Рут на внуката Пер пред обидот, фалејќи го сончевиот пролетен ден и небото без облаци. Совршено време за уживање во скокање со падобран.
„Добивате нова сила кога ќе дојде летото. Ќе биде возбудливо, се разбира, и не жалам! Ќерка ми Ула ми купи пар убави патики за да ги носам за време на скокот“, изјавила Рут.
Оваа бестрашна жена го открила скокањето со падобран, поточно скокање со падобран во подоцнежните години. За својот 90-ти роденден таа одлучила за прв пат да се обиде да скока со падобран. Оттогаш, шведската рекордерка испробала секакви авантури на небото: балон со топол воздух, параглајдерство, скокање со падобран и многу други нешта.
Додека уживала во адреналинската „прошетка“ меѓу облаците, си поставила за цел да биде најстарата жена на светот која скокнала со падобран во тандем. И таа успеа.
Жената која го држеше рекордот пред Рут, Кетрин „Кити“ Хаџс од Америка, е 129 дена помлада од нововоспоставената рекордерка, пренесува “guinnessworldrecords.com”.
Фото: Принтскрин/YouTube