(ФОТО) Трагична судбина – Пејач скокнал од крузер и исчезнал во морето: Претходно говорел за злоставување

Германскиот пејач Даниел Кублок исчезнал откако недалеку од канадскиот брег од крузерот скокнал во морето.
По 33. годишникот, којс епрославил после настапот во германската верзија на „Суперталент“ во 2003. година,откако од крузерот со кој патувал од Хамбург до Њујорк, се фрлил во морето трагала крајбрежната стража,пишува Daily Mail.
Сведоците тврдат дека пејачот скокнал од петтата палуба на крузерот „Aida Luna“ околу шест часот наутро. Штом пријавиле на крајбрежната стража, бродот се свртел, а набргу дошле и хелихоптери од крајбрежната стража.
Еден месец претходно Даниел на својот профил на Фејсбук објавил емотивен статус во кој открил дека го злоставувале во училиштето и дека тоа го потресло „длабоко во душата“.


“Сеуште психички и ментално не се чувствувам подобро. Се соочувам со болка
што сум ја проживувам последниве неколку месеци. Најлошото е што нашиата предавачка не реагираше на тоа, таа само мирно прифати дека ова се случува”, напишал тој.
Според германскиот „Билд“, Даниел се однесувал многу агресивно пред да скока, и по крузерот облечен во женска облека и чевли со високи потпетици.
Даниел се прославил во 2003. година откако настапил во „Суперталент“, а во 2004. година доживеал несреќа кога возел камион без дозвола.
Во 2012. година беше усвоена од милионерот Керстин Елизабет Кајзер која го прогласила за свој единствен наследник, а тој потоа ги додал и неговото име и презиме на нејзиното.
Во 2013. година, неговиот брат Мајкл умрел од предозирање со само 28. години а веќе следната година, Даниел аплицирал за Евровизискиот натпревар, но бил
одбиен.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …