(ФОТО) ТРАГЕДИЈА ВО САД – Починало момчето кое фрли паричка на финалето на УС Опен: Пијан возач го удрил со автомобил

Дру Хасенбејн имаше само 12 години во моментот на несреќата и беше голема надеж на американскиот тенис
Дру Хасенбејн, младиот тенисер и момчето кое фрли паричка на мечот меѓу Новак Ѓоковиќ и Данило Медведев, загина по сообраќајна несреќа.


Како што пренесува NBC, пијан возач со автомобил удрил четири деца, од кои две починале, додека две се во болница, каде се борат за живот. Според информациите на американските медиуми, автомобилот возел во погрешна насока. Нему му се заканува затворска казна до 25 години.

На 10-годишна возраст, Хаснбејн беше присутен на финалниот натпревар на УС Опен во 2021 година помеѓу Ѓоковиќ и Медведев, каде што фрли паричка на почетокот на натпреварот.

Момчето беше голема надеж за тенисот, тој е роден во Ист Хилс, во сојузната држава Њујорк.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …