Заврши натпреварот „Калиопи Фан Арт“, а македонските претставници Талиа и Никола Василови се закитија со вредни награди…
Со гордост го пренесуваме во целост писмото кое го добивме од нив, како информација но и благодарност за соработката.
Писмото го пренесуваме во целост!
„Талија и Никола како супер финалисти во Калиопи Фан Арт ги добија заслужените награди и пат од Калиопи и нејзиниот тим,
„Танини“ со напорната работа, љубовта, желбата, иновативноста, креативноста стигна до супер финалето и ги доби следниве награди по категорија:
Никола Василов (инструментален) – 2 награден – гостин на еден од големите концерти во Калиопи
Талија Василова (ѕвездички кои се зголемуваат) – 1-та награда-Посета од Калиопи со наградни изненадувања за Талија и дружење, во нејзиниот роден град Кавадарци.
„Танини“ им е благодарен на сите кои уживаа во ова онлајн музичко шоу „Калиопи Фан Арт“, и на сите кои ги поддржуваат до самиот крај,
Талија и Никола се горди и полни со амбиција, желба, љубов, пријателство, тие продолжуваат на нивниот пат и секој момент ќе ја шират својата насмевка, песна, музика низ целиот свет.
Кавадарци, Македонија гордо ги следи и ги поддржува во нивните достигнувања и надежи во уметноста на музиката.
Му благодариме на Екран, кој секогаш се бори со нив и им дава голема поддршка на овие млади македонски таленти.
Благодариме, Талиа и Никола🙏♥️🇲🇰“