(ФОТО) Таа има 48., а тој 50. години: Славната глумица открила дека чека бебе со најзгодниот Џемс Бонд

Рејчел Вајс и Даниел Крег врската ја започнале во 2010. година, а се венчале една година подоцна. И’ двајцата од претходните врски веќе имаат деца, а ова ќе им биде прво заедничко…
Рејчел Вајс изненадила со веста дека со Даниел Крег чека дете. Имено, глумицата, во почетокот на март го прославила 48. роденден, а омилениот Џемс Бонд само неколку дена пред неа наполнил 50.
„Наскоро ќе се гледа и стомакот. Даниел и јас сме многу среќни. Ќе имаме малечко човече и не можеме да дочекаме да го видиме“, открила Рејчел во разговор за New York Times.
Глумицата со холивудскиот режисер Дарен Аранофски,со кого била во врска од 2001. до 2010. година, веќе го има 11. годишниот син Хенри .
Рејчел и Даниел врската ја започнале во ноември 2010. година а се венчале во јуни една година подоцна. Даниел од бракот со глумицата Фиона Лаудон ја има 25. годишната ќерка Ела.
Овој актерски пар се труди својата врска што повеќе да ја заштити од медиумите, но Рејчел во една пригода рекла дека пред да го сретне Даниел немала амбиции да се омажи.
„Со Даниел едноставно се’ се случи, во некој позрел момент“ заклучила Рејчел.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …