Шведската академија која го избира лауреатот на Нобеловата награда за книжевност во петокот признала дека имиња на некои поранешни добитници на наградата се појавиле во јавност и ветила дека поради тоа ќе ги преправи стрите правила.
Исто така соопштиле дека не знаеле за непримереното сексуално однесување на мажот женет за една од нивните членки.
Во истрагата на случајот на „неприфатливо однесување во облик на несаканата интимност“ за која се терети фотографот Жан-Клод Арно, добро познат во културните кругови, се појавиле наводи дека идентитетот на поранешните добитници се појавувал пред службеното објавување.
Престижната Академија, која ја основал кралот Густав III. во 1786. година истрагата ја доверила на адвокатска компанија.
„Истрагата…покажува дека имало кршење на правилата на Академијата за тајноста врзана за работата на Нобеловата награда за книжевност“ објавила Акдемијта не наведувајќи од каде „истекуваат“ податоците.
Академијата во проблеми – Нов скандал во Шведска: После секс аферата признале дека „им истекуваат“ имињата на добитниците
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.