(ФОТО) Светот не престанува да зборува за реакциите на Јелена Ѓоковиќ на Ролан Гарос!

Светските медиуми ги опишаа синоќешните настани во Париз како „епски“, „историски“, „спектакуларни“, но мора да забележиме дека реакциите на Јелена беа исти.
Сите навивавме и му аплаудиравме на Новак Ѓоковиќ за победата над неговиот противник Рафаел Надал на Ролан Гарос. Сепак, најсилниот аплауз, гласното „браво“, како и славното „идемооо“ му ги испрати неговата сопруга Јелена.
Таа силно го храбреше за време на овој епски натпревар, а нејзините емотивни реакции ги преплавија социјалните мрежи.
Однесувањето особено ги воодушеви корисниците на Твитер: „Ве молиме, да не ја заборавиме оваа неверојатна и едноставно прекрасна жена, која е секогаш со Новак, живее и дише за секој поен“!

Познатото „идемоооооо“ Јелена неколку пати гласно го извикала од ложата.


На крајот, таа испрати големо срце, како и насмевка по која е нашироко позната.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Концерт на студентите на Музичка Академија на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип денес во Аудиокултура

Денес во Аудиокултура со почеток во 12:30 часот ќе може да го проследите концертот на …