(ФОТО) Сопруга на фудбалер загинала во страшна несреќа: Морале да интервенираат пожарникари

Викторија Данченко, сопругата на Олег Данченко, фудбалер на грчкиот клуб АЕК, загинала во тешка сообраќајна несреќа.

Украинската манекенка, инаку љубител на брзото возење, го загубила животот во близина на Одеса, нејзиниот роден град. Во моментот на несреќата манекенката го возела мерцедесот на нејзиниот сопруг Олег.
Надзорните камери го забележале моментот кога изгубила контрола над автомобилот. Прво удрила во друг автомобил, потоа во камион и на крај во заштитна ограда на автопатот.



Таа починала на местото на несреќата, а итните служби морале да ги исечат остатоците на автомобилот за да и го извадат телото, потврдила полицијата.

Викторија и Олег се венчаа во Атина во летото 2020. година, по три години врска. Блиски на фудбалерот велат дека тој е целосно скршен поради загубата и дека прашање е кога и дали воопшто ќе се опорави.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …