(ФОТО) Софија Вергара повторно привлекува погледи на малите екрани: Седи во жирито на „Суперталент“ покрај Хајди Клум

Кон крајот на мај се емитуваше првата епизода од новата, 15-та сезона на шоуто, а обожавателите на славната актерка се воодушевени што повторно ја гледаат на малите екрани во различно, поопуштено издание.


Актерката Софија Вергара (47), позната по улогата во серијалот „Модерно семејство“, седна на столче на членовите на жирито на американската верзија на „Суперталент“.Друштво и прават Хови Мандел (64), Симон Кауел (60) и Хајди Клум (47).
Кон крајот на мај се емитуваше првата епизода од новата, 15-та сезона на шоуто, а обожавателите на славната актерка се воодушевени што повторно ја гледаат на малите екрани во различно, поопуштено издание.


А не се само фановите на Софија воодушевени од нејзиното појавување на телевизија, туку и самата актерка. Минатата недела Софија била фрапирана од настапот на малечкото девојче Роберта Баталглиа, која се претставила со песната „Shallow”. Глумицата и дала златно копче.
„Роберта, твојот настап беше неверојатен. Не можам да дочекам да те видам во емисиите во живо“, и рекла Софија на девојчето.

Хајди и Софија во новата сезона ги заменија Габриел Унион и Џулијана Хаф.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Книжевен кружок во Илика

Третата средба на книжевниот кружок ќе се одржи денес со почеток во 17:00 часот во …