(ФОТО) СМРДИ НА ГНИЛО, НЕ МОЖЕ ДА СЕ ДИШЕ: Меган и Хари искеширале 13. МИЛИОНИ за вилата, а сега се ФАЌААТ за глава!

Раскошниот имот на принцот Хари и Меган Маркл во Санта Барбара, вреден 13. милиони евра, изгледа не е бајковито место за живеење, како што изгледало, по информациите за непријатниот мирис кој се ширело од блиското живеалиште за птици.
Според странските медиуми, местото „Андре Кларк“, мочуриште со солена вода што зафаќа површина од 42. хектари, им задава главоболка на војводата и војвотката, а тоа е едно од најголемите засолништа за диви животни во Санта Барбара, каде се јавува непријатен мирис поради долготрајна стагнација на вода.


Извештаите велат дека смрдеата ја преплавила областа во Монтесито, каде што дом нашле бројни ѕвезди како Опра Винфри, Елен Деџенерис, Орландо Блум и Кети Пери.

– Мириса како некој внатрешен орган да скапува на сонце. Ова ми направи грчеви во стомакот. Видов многу станари како масовно ги затвораат прозорците поради смрдеа, изјавил локален жител за Mirror..


Локалните власти велат дека смрдеата може да трае до есен, кога се можни подобрувања.

This image has an empty alt attribute; its file name is megan-kukja.jpg


– Тоа се случува кога водата долго време стои. Непријатните мириси се спорадични, а понекогаш ситуацијата се влошува – изјавил Камерон Бенсон, менаџер за чиста вода во Санта Барбара.

Ова не е првпат Хари и Меган да се соочат со ваков проблем. Во близина на нивниот дом е легална фабрика за канабис во Санта Барбара.
Вилата на Хари и Меган се наоѓала многу блиску до 20. големи оранжерии со билки. Локалните жители досега поднеле голем број поплаки за непријатните мириси, поради што компанијата била принудена да инсталира нови системи за контрола на мирисот.

– Смрдеата стануваше се посилна. Возев по патот и наидов на огромна смрдеа. Не беше како да сум напушен, но тоа не е она што го сакате кога возите со 70. километри на час – изјавил Грегори Гандруд за Mirror.

This image has an empty alt attribute; its file name is megan-kukja-1.jpg
– Морав да го запрам автомобилот. Поради мирисот, веќе не можев да размислувам трезвено. Многу луѓе овде страдаат поради тоа – додал тој.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …