(ФОТО) СЛУЧАЈ КОЈ ГО ШОКИРА СВЕТОТ – СОПРУГАТА НА ПОЛИЦАЕЦОТ УБИЕЦ БИЛА МИСИЦА: Веќе поднела барање за развод и промена на презимето а еве што говори за својот (бивш) сопруг!

Кели Шовин, сопругата на поранешниот полицаец Дерек Шовин, обвинет за смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд, поднела барање за развод.
Таа изјавила дека не бара никаква финансиска помош од нејзиниот поранешен сопруг, и покрај фактот дека во моментот е невработена, како и дека поднела барање за промена на презимето.
Патем, таа некогаш беше „Мис Минесота“, а потоа се натпреварувала на национално ниво во Лас Вегас. Таа тогаш за медиумите изјавила дека нејзиниот сопруг е вистински добар човек.


“Тој е таков џентлмен. Тој сè уште ми ја отвора вратата. Тој ми помага да го облечам палтото. По разводот, имав список со сите карактеристики што еден човек мора да ги има ако сакам повторно да бидам во врска и тој ги има сите”, рекла таа во тоа време.
Поранешната мисица изјавила дека „несовладливите разлики“ се причина за пропаѓање на нивниот брак, а во истиот ден кога нејзиниот сопруг бил уапсен, таа објавила соопштение во кое изразила сочувство до семејството на убиениот Афроамериканец.


Таа се запознала со Шовин кога тој довел осомничен, во Медицинскиот центар во округот Хенепин, на лекарски преглед каде таа работела како радиолог. Потоа се вратил во болницата за да ја покани на состанок. Тие се венчале во 2010. година.
Инау, Кели Шовин е родена во Лаос во 1974. година, а нејзиното семејство избегало во Тајланд во 1977. година поради војната, а потоа и во Соединетите држави.


Екран.мк

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …