(ФОТО) СЛИКИТЕ ГО ОБИКОЛИЛЕ СВЕТОТ – ЗНАЧАЈНО АРХЕОЛОШКО ОТКРИТИЕ ВО ЕГИПЕТ: Прионајдени најмалку 100 древни саркофази со мумии и околу 40. позлатени статуи

Египетските власти задолжени за антиквитети денес објавија откривање на најмалку 100 древни саркофази, со мумии во некои од нив и околу 40 позлатени статуи во огромната фараонска некропола Сакари јужно од Каиро.
Шарени, запечатени саркофази и статуи кои беа погребани пред повеќе од 2.500 години беа изложени на импровизирана изложба во подножјето на познатата скалеста пирамида Џосер во Сакара. Археолозите отвориле ковчег во кој имало добро сочувана мумија завиткана во крпа. Тие исто така извршиле рентген, визуелизирајќи го обликот на античка мумија, покажувајќи како е зачувано телото.


Министерот за туризам и антиквитети Калед ал-Анани на прес-конференција рекол дека откриените предмети датираат од елинистичкиот период (320-30 п.н.е.) и доцниот период на антички Египет (664-332 п.н.е.).
Тој рекол дека ќе ги пренесе артефактите во најмалку три музеи во Каиро, вклучувајќи го и Големиот египетски музеј, што Египет го гради во близина на познатите пирамиди во Гиза. Министерот додал дека ќе објави уште едно откритие во некрополата Сакара подоцна оваа година.
Откритието кај познатата некропола е последно во низата археолошки откритија во Египет. Од септември, властите за антиквитети откриле најмалку 140. запечатени саркофази, со мумии во повеќето од нив, во истата област на Сакара.



Локалитетот Сакара е дел од некрополата во древната египетска престолнина Мемфис, која ги вклучува познатите пирамиди во Гиза, како и помалите пирамиди во Абу Сир, Дахшур и Абу Руаиш. Урнатините на Мемфис беа прогласени за светско наследство на УНЕСКО во 1970-тите.
Египет често ги посетува своите археолошки откритија во надеж дека ќе ја стимулира виталната туристичка индустрија, која беше во неволја од политичките превирања по 2011 година кога беше соборен долгогодишниот претседател Хосни Мубарак. Пандемијата на вирусот корона годинава му нанесе дополнителен удар на секторот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 02.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Добар прилив на енергија, позитивно расположение и сите шанси типичниот Овен има да …