(ФОТО) СЛИКАТА ГОВОРИ ПОВЕЌЕ ОД 1000 ЗБОРОВИ: Кејт Мидлтон во блажена состојба!


Го знаете она дека „една слика кажува повеќе од илјада зборови“, е па тоа е случајот и со фотографијата на Војвотката од Кембриџ со реномираната кралска готвачка Мери Бери. Додека Кејт зборувала со неа, таа нежно и ја спуштила раката на стомакот. Сите се прашуваат: „Дали Кејт е бремена по четврти пат?“


За британските новинари специјализирани за кралско семејство, ова движење е јасен знак дека Кејт е во блажена состојба, но сè уште нема официјална потврда. За нив, Кејт се чини дека се „заокружува“. Експертот за кралско семејство Ричард Еден е сигурен дека војвотката би сакала друго бебе. „Таа обожава деца и е подготвена за нејзиното четврто бебе“, напишал тој во „Daily Mail“.

https://www.instagram.com/p/B2RWSmrpA9e/?utm_source=ig_embed


Пред две години, кружеле трачеви дека Кејт е бремена со близнаци, што на крајот се покажало дека е целосно неточно. „Близнаци? Моето ментално здравје би било под знак прашалник да добијам близнаци. Две деца се супер, а не знам како со четири. Мислам дека ќе бидам трајно уморен “, се шегувал принцот Вилијам во тоа време.А, потоа се роди малечкиот Луис.
Дали идните престолонаследници веќе размислуваат и за четврто дете сигурно е дека ќе покаже времето.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

10 дена до еден од најголемите музички настани оваа година – долгоочекуваната „Oasis Live ’25“ светска турнеја

На 27 август 2024 година, легендарниот британски бенд Oasis официјално ја објави својата долгоочекувана светска …