Холивуд се збогува со Рио Хакфорд, а актерката Хелен Мирен, која му беше маќеа, има важна порака за сите…
Хелен Мирен изјавила дека е со „скршено срце“ поради смртта на нејзиниот посинок, режисерот Рио Хекфорд, откако открила дека тој починал од „редок и многу агресивен“ рак.
Во заедничката изјава со нејзиниот сопруг Тејлор Хакфорд, 76-годишната актерка го пофали Рио што „им покажал како да живеат во великодушност и заедница“.
Рио починал во четвртокот на 51-годишна возраст, откако се борел со увеален меланом, форма на рак, а неодамна имаше улоги во „Американска криминална приказна“ и „Мандалорианец“.
Хелен и Тејлор рекле: „Јас и Хелен сме инспирирани од животот на нашиот син и посинок, Рио Хекфорд, и ние сме скршени од загубата. Неговиот живот ни покажа како да живееме во великодушност и заедница. Својот животен пат го сподели со многумина кои сега тагуваат по него, а во исто време го слават и фактот што имаа можност да го запознаат. Рио почина од увеален меланом, многу агресивен и редок облик на рак. Би ги замолил сите што го читаат ова да ги тестираат очите барем еднаш годишно, што би можело да ги спаси нивните најблиски од овој рак“.
View this post on Instagram
На Инстаграм, Хелен му одала почест на нејзиниот посинок, објавувајќи слика од Рио со натпис: „Ел Рио“.
View this post on Instagram
Рио беше најстарото дете на режисерот Тејлор Хекфорд и неговата прва сопруга Џорџи Лорес, кои беа во брак од 1967. до 1972. година.
Актерската кариера ја започна со улогата на „уличен наркоман“ во класикот „Убава жена“ од 1990. година.
Имаше улоги и во Blood In, Blood Out, Exit to Eden, Double Dragon, Safe and Strange Days, Skully, Swingers.
Фото: Принтскрин/Instagram