Објавен е долгоочекуваниот трејлер за „Thor: Love and Thunder“, а неговата премиера се очекува на 8. јули оваа година.
Заплетот на филмот продолжува откако последен пат го видовме Тор, кој го игра Крис Хемсворт, во Ендхајм. Трејлерот го прикажува Тор како се дружи со Чуварите на Галаксијата, навестувајќи го Зевс, Расел Кроу, а завршува со откривањето на Џејн Фостер, која ја игра Натали Портман, како новиот Тор.
Не е јасно дали ова е истата Џејн што ја знаеме од претходните филмови на Тор – нејзиното последно појавување на MCU беше во Thor: The Dark World во 2013. година – или некој вид на паралелна варијанта на реалноста. Во стриповите, Мјолнир, чеканот на Тор ја барал Џејн откако Тор беше прогласен за недостоен и кога и беше дијагностицирана со рак на дојка.Тој ѝ даде благослов да го користи неговото име и отиде како „Одинсон“ за да избегне забуна.
Покрај Крис Хемсворт, чие ова е четврто враќање во самосталниот филм за Тор, се вратил и режисерот Таика Ваитити, кој го режираше „Тор: Рагнарок“ од 2017. година. Други познати личности се Теса Томпсон како Валкирија, Крис Прат како Питер Кил, Кристијан Бејл како Гор.
Фото: Принтскрин/YouTube