(ФОТО) ШТОМ ПРИСТИГНАЛ ВО ЗАТВОР ПЕДОФИЛ УНАКАЖАН ОД ТЕПАЊЕ: Претепан после само неколку секунди – го чекаат пластични операции!

ПЕДОФИЛ кој признал дека киднапирал и силувал тринаесетгодишно девојче во Лондон, ќе мора да подлежи на пластична операција откако бил нападнат во рок од неколку секунди по пристигнувањето во затворот.
Кадијан Нелсон (27) се изјаснил за виновен за киднапирање, силување и закана со убиство во понеделникот, а неколку часа подоцна беше однесен во затворот Вандсворт во јужен Лондон.


Веднаш по приемот, еден затвореник му нанел толку сериозни повреди што ќе мора да биде потвргнат на пластична операција.
– Тоа беше брутален напад, со него пристигна уште еден затвореник во истото комбе. Секој знаеше што направил – рекол извор за британски „Сан“.
На 3. ноември минатата година, Нелсон следел тринаесетгодишно девојче, а потоа и се прикрал и и ја ставил едната рака над устата.

Откако со смртни закани ја спровел до една уличка, тој и наредил да ги соблече палтото и училишната униформа, а потоа ја напаствувал.

Фото: Принтскрин/Монтажа

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …