(ФОТО) Сергеј Варошлија го прекршил законот: Не смеел да користи фотографии од социјалните мрежи без согласност!

Иако со месеци се случуваа препукувања помеѓу Сергеј Варошлија, „Студио мода“ и личностите „кои ги обработуваше“ во емисијата, се чини „тиквата пукна“ кога настана „препукувањето“ со Бојана Скендеровски..


Се чини, јавното пренесување на „срамните податоци“ од приватноста на Скендеровски а се поради тоа што се осмели да му се спротивстави на Варошлија и неговата емисија беа доволна шричина за реакција на Агенцијата за медиуми и Дирекцијата за заштита на лични податоци…
Водителот и моден критичар Сергеј Варошлија го прекршил членот 61 став 1 алинеја 1 од
Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, констатира Агенцијата за медиумите.
Членот се однесува на: негување и развој на хуманите и моралните вредности на човекот и
заштита на приватноста и достоинството на личноста.


До Агенцијата стигнале неколку претставки на лица кои биле предмет на оценка во
емисијата на Варошлија. Дел од нив обвинуваат и за говор на омраза, но од таму велат
дека претставките по тој основ се неосновани. До Дирекцијата за заштита од лични
податоци, пак, стигнале три барања за заштита на личните податоци. Дирекцијата во сите
три случаи утврдила повреда на правото на заштита на личните податоци.


Од таму информираат дека на Варошлија му е дадено посебно укажување дека не може да
користи фотографии од социјалните мрежи без согласност на лицата кои се наоѓаат на тие
фотографии.

„На Трговското радиодифузно друштво ’1ТВ’ ДООЕЛ Скопје му беше дадено посебно укажување во насока да ги почитува прописите за заштита на личните податоци во делот на користење на лични податоци во емисијата ’Студио Мода’, особено во делот на користење на фотографии обезбедени преку интернет, односно социјални мрежи, со оглед дека нивната обработка без согласност од субјектот на личните податоци претставува неправична и незаконска обработка на личните податоци според просписите за заштита на личните податоци“, велат од Дирекцијата.

извор: republika.mk

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Изложба на Ива Станковска и Јана Николовска

„Art Exhibitions“ е проект чија цел е да поддржи млади уметници од Македонија и да …