„Зошто не би носела бикини? Моето тело изгледа сосема пристојно за годините што ги имам. Не ми е тоа најголем адут, но не морам да се срамам од него“, истакнала летоска пејачката…
„Како е добро летото среде зима“, порачала Неда Украден од топлите Малдиви.
Пејачката, уживајќи на плажа, се пофалила со својата вита линија.
Згодна баба, како што ја нарекуваат, а мораме да признаеме и со право, со игзгледот не оддава дека во август ќе наполни 69. години.
„Зошто не би носела бикини? Моето тело изгледа сосема пристојно за годините што ги имам. Не ми е тоа најголем адут, но не морам да се срамам од него“, истакнала летоска пејачката, која плажата одлучила да ја повтори и преку зима.
Дека Неда е згодна баба забележале и нејзините обожаватели кои не престанувале со комплиментите…
„Нека Неда ви биде пример дека староста доаѓа кога ќе и ’дозволиме’, а дека нашиот живот е само наша перцепција“, заклучил еден од нив.
Но, Неда Украден е и вистинска баба која често се фали со своите внучиња, како што направила и денес, бидејќи за нејзиното семејство ова е важен ден…
„Денес ни е прекрасен ден, на нашите Александра и Неда 7., а на Душан 5. роденден. Никогаш немало поголем снег и зима а никогаш поголема радост и среќа.Особено кога мојата Јелена пред седум години ми ги роди овие две прекрасни девојчиња, па потоа пред пет години и малечкото момче!Драга моја Јецо и зете Пецо фала ви што со нивното раѓање ги направивте нашите животи побогати и им дадовте најубава смисла! А, мене ме направивте најгорда мајка и најсреќна баба“, напишала Неда Украден под фотографиите.