(ФОТО) Селена Гомез со еден удар ги уништила критичарите кои ја прозвале поради дебелината

СЕЛЕНА ГОМЕЗ остро одговорила на критичарите на социјалните мрежи кои ја прозиваат поради нејзиното појавување на наградите Златен глобус.
Пејачката во придружба на помалата сестра на црвениот тепих се појави во елегантен фустан со длабоко деколте, а критичарите ја нарекоа дебела.

Злобни коментари
„Изгледа малку буцка“, напишал еден твитерџија, додека друг додал: „По ѓаволите, таа е дебела“, додека трет праша дали можеби е бремена.
За време на Инстаграм лајв во кој се појавила со својата сестра, Селена многу јасно ставила до знаење дека не ја трогнале лошите коментари.
„Во моментов сум малку поголема затоа што се забавував за време на празниците“, рекла таа и низ смеа додала: „Но, нам не ни е грижа“.


This image has an empty alt attribute; its file name is selena-gomez.jpg

Ова не е прв пат да биде критикувана
Злобните коментари дојдоа само една недела откако Селена се врати на социјалните мрежи. Минатиот април таа објави дека ќе паузира извесно време од социјалните мрежи токму поради лошите коментари за нејзината големина.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …