(ФОТО) Рецепт на денот: Ќофтиња кои се топат во уста

Прекрасно, вкусно месо и други квалитетни состојки го нашле своето место во овој рецепт…
Состојки:
1 кг. мелено, мешано, месо
2 големи јајца
1 филџан (од кафе) рендан прмезан
2 лажици сечкан магдонос
иситнет лук
сол, црн пипер
2 филџани лебни трошки
2 филџани топла вода
1 филџан маслиново масло
сос од домати
Подготовка: во голем сад ставете го месото, додајте јајца, пармезан, лук, сол и црн пипер.Со раце убаво измесете ги сите состојки, а потоа вмешајте ги лебните трошки. Додајте вода се’ додека смесата не биде доволно влажна.Направете топчиња, ќофтенца.
Во голем сад загрејте масло. Кога ќе се загрее почнете да ги пржите ќофтенцата. Кога долниот дел ќе стане кафеав и крцкав превртете ги и пржете од другата страна. По завршувањето ќофтенцата извадете ги на кујнска хартија.
Ќофтенцата можете да ги послужите со сос од домати. Ако се одлучите за таа варијанта ќофтенцата ставете ги во сос од домати и варете 15. минути. Послужете самостојно или со пире од компири или варени тестении.
Добр апетит!

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …