(ФОТО) Први фотки од новиот Џемс Бонд кои најавуваат епски трилер

Најновиот трејлер за тајниот агент Џејмс Бонд за филмот „No time to die“ ја виде светлината на денот, а интересот на публиката е огромен.
Фотографиите објавени од американските медиуми последните денови зборуваат и за епските први снимки од ова ново, возбудливо продолжение.
Ова е 25-ти филм по ред, со Даниел Крег во главната улога, по петти и последен пат како познатиот британски агент.
На трејлерот се гледа како Бонд доаѓа од пензија, откако тој е регрутиран да најде исчезнат научник. Наскоро, тој станува занесен од опасната мисија во која му се спротивставува неговиот последен противник Сафин, чиј лик го игра Рами Малек, наведува People. Овој пат му се придружува симпатијата од „Спектра“ – филм објавен во 2015. година.
Филмот ќе ја има својата премиера на 11. ноември оваа година, откако неколку пати беше одложуван поради пандемијата на коронавирусите.
Погледнете ги првите снимки во галеријата подолу.



©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …