(ФОТО) Прва модна ревија на кралицата Елизабета: Гледала од прв ред во друштво на Ана Винтур

Се состанале кралицата на модата и кралицата на Британија, бил еден од коментарите на сметка на изненадувачката посета на кралицата Елизабета на годинешната Модна недела во Лондон, на која на 20. февруари во друштво на Ана Винтур ја проследила модната ревија на дизајнерот Ричард Квин. Потоа му ја врачила првата Награда која од сега ќе ја доделува за британски моден дизајн…
Ова било првпат 91. годишната британска кралица да се појави на лондонската Недела на модата, а друштво во првиот ред и правела славната модна уредничка Ана Винтур која ниту кралската појава не ја спречила во носењето на очилата за сонце, нејзиниот заштитен знак.
Тие ја следеле ревијата на Ричард Квин, добитник на првата награда која отсега кралицата ќе ја доделува на перспективните британски модни дизајнери. Квин е познат по исклучителните принтови.

За посебната пригода кралицата Елизабета избрала светло син комплет од твид со потписот на Ангела Кели, со јакна украсена со ситни Сваровски кристали.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …