(ВИДЕО) Србија избра песна за „Евровизија“ – дали ви се допаѓа?

После девет години во Србија е повторно одржана „Беовизија“ на која Србите одлучиле кој песна ќе ја испратат на Евросонг.
Изборот паднал на песната „Нови деца“ во изведба на Александар Сања Илиќ и групата „Балканика“. Токму таа песна добила најмногу гласови од публиката но и жирито и ќе ја претставува Србија на натпреварот во Лисабон.


На „Беовизија“ учествувале 17. песни, а Илиќ после победата и се заблагодарил на сопругата Татјана која со него ја компонирала песната.
За жал сеуште не можеме да ја слушнеме македонската песна „Lost and found“ со која „Еye Cue“ ќе не претставуваат на „Песна на Евровизија“ во Лисабон. Но, затоа има неколку видеа во кои е претставена работата на овој бенд.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …