Дождот и снегот не не напуштаат: Се очекува многу ладен бран!

Времето денеска ќе биде облачно со повремени локални врнежи од дожд, на повисоките места и на планините од снег. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Повеќе врнежи ќе има во западните делови од земјата, особено попладне и во ноќните часови.
Во Скопје максималната дневна температура ќе достигне до 8 Целзиусови степени, Крива Паланка 6, Маврово 1, Охрид 6, Битола 7, Кавадарци 9, Берово 5, Гевгелија 10…
Утре врнежите ќе бидат пообилни, особено во западните делови кога локално се очекува да наврнат и до 25л/м2, а снежната покривка на планините значително ќе се зголеми. Дневните температури ќе се движат од 5 до 11 степени.
Во петок ќе биде претежно облачно со умерен југоисточен ветер и максимални дневни температури од 6 до 12 степени.
Кон крајот на неделава ќе настапи позначитечно заладување.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Концерт на Мизар и Хармосини вечерва во Македонската Филхармонија

Вечерва во Македонската Филхармонија, со почеток во 20:00 часот, ќе се одржи концертот на Мизар …