(ФОТО) Прва дамка на „Макфест“ – Оле Здравковска со статус на Фејсбук: “Уште пред за започне Макфест се знаеа наградите, мизерија од фестивал”

„Присутна бев таму и со свои очи видов како се даваат плик од карти на изведувач за да се стават гласовите од публиката…“
Синоќа во Домот на културата “Ацо Шопов” во Штип се одржа 34-то издание на фестивалот “Макфест”.
На фестивалот настапуваше и младиот изведувач Огнен Здравковски кој се претстави со песната “Светот нека застaне”, но не освои ниту една награда.


После фестивалот на Фејсбук со јавен статус се јави сестрата на Огнен која напиша:
“Макфест?!? Мизерија од фестивал е станато!! Ако платиш ќе си земеш награда… Уште пред да почне фестивалот се знаеа наградите 😉 Присутна бев таму и со свои очи видов како се даваат плик од карти на изведувач за да се стават гласовите од публиката… еее моја Македонска музичка естрадо!”, напиша Оле на својот Фејсбук профил.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …