(ФОТО) „ПРОТЕКУВААТ ДЕТАЛИ“ од средбата помеѓу Меган Маркл и Бијонсе: Војвотката збеснала поради фустанот на пејачката!

Иако Меган и Хари им го простиле доцнењето кога се сретнале, нивните советници тврдат дека не биле воодушевени со „кршењето“ на протоколот. А се шушка дека војвотката „полудела“ бидејќи пејачката ја засенила со фустанот…
Војвотката Меган Маркл (37) и принцот Хари (34) минатата недела се сретнале со музичката дива Бијонсе (37) и нејзиниот сопруг Џеј Зи (49) на премиерата на филмот „Крал на лавовите“ во Лондон. Иако средбата била срдечна, нивните колеги кои се затекнале во близина, тврдат дека не било идилично.


Како што пишува The Mirror, Бијонсе и Џеј Зи ги прекршиле правилата на протоколот појавувајќи се на настанот после Меган и Хари.
Доцнеле дури 90. минути бидејќи на пејачката и се искинал златниот фустан а таа не сакала да се откаже од првичната креација на Нгуема Конг Триј па во хотелот итно била повикана кројачка.


Иако Меган и Хари тоа го простиле, кога се сретнале, нивните советници не биле воодушевени со кршење на протоколот. А, се шушка дека војвотката „полудела“ бидејќи пејачката ја засенила кога се појавила разголена.

 



„Ве сакаме луѓе“, им рекла Бијонсе додека ја прегрнувала Меган, нарекувајќи ја своја принцеза.

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …