(ФОТО) ВНИМАВАЈТЕ ШТО ПРАВИТЕ ВО ВЕНЕЦИЈА за да не ве “ОДЕРАТ“ СО КАЗНИ И ПРОТЕРААТ: Германски туристи поради кафе платиле казна од 950 евра!

Неколку германски туристи се обиделе да сварат кафе во подножјето на венецијанскиот мост Риалто па се казнети со 950. евра и наредено им е да го напуштат градот.
Двајца млади од Берлин, на возраст на 32. и 35. години вчера наутро се сместиле на дното на скалите на славниот мост за да сварат кафе на плинско решо.
Откако неколку локални жители ги пријавиле, младите туристи набргу биле уапсени од полицијата и ги казниле со 950 евра поради несоодветно однесување, навела градската управа.


Исто така им било кажано да го напуштат грдаот, во склад со усвоената одлука на градскиот совет. Откако таа мерка во мај била усвоена била применета дури 40. пати.
„Венеција треба да се почитува а непристојните луѓе кои мислат да дојдат тука и да прават што сакаат треба да знаат дека, благодарение на локалната полиција, ќе бидат уапсени и исдфрлени“, рекол градоначалникот на Венеција, Луиѓи Брунјаро.


Прописот усвоен во мај се однесува на правилата на пристојно однесување, чистота и безбедност која треба да се почитува во градот соочен со масовен туризам и неговите последици по каналите и најпосетените места.
Предвидени се низа забрани, како забрана на пикник на отворени локации, капење во фонтани или прошетка без маички, како и високи казни, вклучувајќи и протерување на оние кои ќе ги кршат овие правила.
Венеција во својот историски центар има 55.000 жители а годишно ја посетуваат околу 30. милиони туристи.

Екран.мк

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Што не советуваат ѕвездите за утре 05.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето?!

Овен Работа: Позитивната енергија и доброто расположение треба да го поттикнат Овенот овој ден да …