(ФОТО) Проговорил таткото на Меган Маркл:„Љубоморен сум на принцот Чарлс – станав фуснота во најубавиот момент во животот“

Таткото на Меган Маркл, Томас, кој ја пропуштил венчавката на својата ќерка за принцот Хари го дал првото телевизиско интервју.
Во разговор за „Good Morning Britain“ (Добро утро Британијо) рекол дека бил многу горд на Меган и дека му е жал што не дошол. Причината е неговата здравствена состојба. Претрпел срцев удар, неколку дена пред венчавката, и во последен момент го откажал доаѓањето. Наместо него, глумицата до олтарот ја одвел принцот Чарлс.


„Беше прекрасна. Плачев додека го гледав преносот. Бев многу горд и тоа беше најубавиот момент во мојот живот. Целиот свет ја гледаше мојата ќерка. За жал станав фуснота во еден од најважните моменти во историјата, наместо татко кој својата ќерка ја однесе до олтарот“ рекол Маркл. Му се заблагодарил на принцот Чарлс кој ја презел неговата улога.
„Тоа беше многу емотивен момент. Не можам да замислам подобра замена од Чарлс. Изгледаше многу згоден. Бев љубоморен, би сакал јас да сум на неговото место, но фала му на Господ што тој беше и благодарен сум му на тоа“, вели Маркл.

Рекол дека Хари ја побарал раката на Меган во неколку телефонски разговори и дека со зетот е во добри односи.
„Му реков дека може да добие моја дозвола ако ми вети дека никогаш нема да крене рака на мојата ќерка“, раскажал Томас Маркл.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Трага на Нематеријалното“ – изложба на Софија Грабулоска

Вечерва на театарската сцена во Центарот за Култура „Браќа Миладиновци” во Струга, со почеток во …