(ФОТО) Пристигнува „нефилтриран“ поглед на животот на Ријана

„Мислам дека таа е извонредна млада жена и навистина има многу работи што ја прави таков талент каков што е. Работна етика, талент, среќа, моќ, визија. Тоа е навистина интересна“, рекол Питер Берг
Американскиот режисер Питер Берг (54) открил дека неговиот долгоочекуван документарен филм, кој го следи птот на Ријана (30), како се искачува до славата, во киносалите ќе биде за околу два месеци. Петар првпат ги објавил своите планови за документарниот филм уште во 2015. година. Тој го опишал како “нефилтриран поглед на животот на пејачката”.


„Мислам дека таа е извонредна млада жена и навистина има многу работи што ја прави таков талент каков што е. Работна етика, талент, среќа, моќ, визија. Тоа е навистина интересна“, ја пофалил режисерот.

Во 2012. година, Берг на пејачката од Барбадос и дал една од водечките улога во филмот “Боен брод”. Оттогаш, таа се појавила во “Океановите осум” и “Валериан и градот на илјадници планети”.


Исто така, кружат гласини дека ја има Ријана во план и за филмот со Доналд Гловер (34). Ги забележале заедно во Куба, работејќи на проект наречен “Гуава остров”. Во исто време, Ријана рекла дека работи на два нови албуми кои ќе го следат успехот на нејзинот осми албум, “Анти”, од 2016. година. Песните би можеле да бидат пуштени уште пред крајот на 2018. година.
Покрај актерството и пеењето, Ријана, исто така, го покренала и својот сопствен козметички бренд “Fenty Beauty”.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Со цело срце за нечие подобро утре“ – хуманитарна изложба на автомобили

Денес на паркингот кај градски базен во Куманово во период од 10:00-17:00 часот, ќе се …