Британскиот режисер Дени Бојл се откажал од режијата на новиот Џемс Бонд поради „креативни разлики”, изјавил продуцентот на франшизата вредна повеќе милијарди долари.
“Мајкл Г. Вилсон, Барбара Броколи и Даниел Крег денес објавија дека поради креативни разлики, Дени Бојл одлучи да не биде режисер на филмот „Бонд 25 “, се вели во соопштението на официјалниот профил на Твитер 007.
Во објавата не се вклучени детали за разликите, ниту пак информации за тоа кој ќе биде новиот режисер.
Дваесет и петтиот филм од франшизата Џемс Бонд, чиј сопственик е МГМ, моментно е во претпродукција, а премиерата се очекува во ноември 2019. година.
Бојл го режирал филмот „Милионер од улица“ во 2008., кој освоил осум Оскари, а во мај годинава беше најавен да биде директор на новиот Џемс Бонд. Тогаш продуцентите Броколи и Вилсон во изјавата рекле дека Бојл е „исклучително талентиран”.
Исто така, продуцентите најавија дека Крег ќе го игра Џејмс Бонд по петти пат.
Продукцијата требаше да започне во декември во Лондон.
Франшиза Џејмс Бонд е една од највредните во филмската индустрија. Последниот од франшиза, филмот „Спектра“ од 2015. година, во режија на Сем Мендес, заработил 880. милиони долари од прикажување во киносалите.
Мендес, исто така, го режираше и „Skyfall” од 2012. година, кој заработи над милијарда долари.