(ФОТО) Принцот Вилијам открил тајна на принцезата Шарлот!

Преслатката принцеза Шарлот, ќерка на принцот Вилија и Кејт Мидлтон, со своето „ѓаволесто“ однесување и личност веќе ги освоила симпатиите на јавноста, а татко и неодамна открил една нејзина тајна.Имено, тригодишната принцеза е голема вљубеничка во модата.
Откако татко и го посетил Ливерпул и на подарок добил три „сечел“ ташнички со имињата на децата на нив, гордиот татко раскажал дека малечката принцеза е голема „помодарка“.


Принцезата Шарлот како подарок добила розова ташника со пригоден натпис „Mini-Windsor“ а нејзиниот татко коментирал дека тешко ќе го убеди деовјчето да не ја носи ташничката бидејќи е во нејзината омилена, розова боја.
Принцот Вилијам открил и дека тригодишното девојче е „лудо“ по модата и најмногу сака да носи розова облека.


Слатката принцеза воодушевила кога модно се ускладила со мајка и Кејт, во преслаткиот син фустан кој го носела по повод роденденот на кралицата Елизабета, на настанот попознат како Trooping the Colour. Војвотката од Кембриџ пак била елегантна како и секогаш во сината креација со потпис на Александар МекКвин.


Модниот аналитичар Сајмон Глазин го фали модниот стил на малечката принцеза и нејзината мајка.
„Стилистка на Кејт е Наташа Арчер која направила одлична работа со војвотката и нејзината ќерка бидејќи за формални пригоди модно се ускладуваат“ објаснил тој.

Со оглед на тоа дека мајката е голема вљубеничка во модата и модна икона и чиј стил го обожуваат девојки и жени ширум светот, па не чуди што и малечката принцеза од мајката ја наследила љубовта кон убавата облека.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 04.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Иако вашите околности може да бидат комплицирани денес, вие сте решени да постигнете …