(ФОТО) Без предрасуди: На оваа социјална мрежа може да се објавува и чиста голотија!

Инстаграм има многу строги правила кога станува збор за објавувањето,а токму тоа го искористиле авторите на социјалната мрежа со адреса Buttrcup.com.
Buttrcup е социјална мрежа без цензура, како што тврдат основачите. Делумно е основана и како одговор на движењето за „слобода за брадавиците“, односно кампањата #FreeTheNipple која во 2014. година ја покренала Лина Еско. На Buttrcup корисниците можат да отворат профил и да објавуваат фотографии или снимки, какви што сакаат.


Основачите нагласуваат дека не се платформа за порнографија, но голотијата е дозволена.
„Денес сите создават фотографии.Buttrcup дава платформа за самостојно објавување на содржини за фановите. О, да, и ја отстранивме пристрасната цензура која ја спроведуваат другите социјални мрежи“, велат основачите.
„Сексуалноста е универзална и составен дел на нашите животи, а токму такви фотогрфии не се дозволени на социјалните мрежи, каде трошиме многу слободно време“ изјавила Моли Марфи, една од основачите, за магазинот Paper.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …