Мајката Кејт повторно била брилијантна во улогата на семеен фотограф…
Принцот Џорџ го слави својот 7-ми роденден! По тој повод, кралското семејство објави две нови фотографии од младиот принц направени од неговата мајка, Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон.
Насмеано лице, руса коса и празнина меѓу забите, покажува колку брзо расте Џорџ. Семејството планира да го прослави роденденот на принцот Џорџ утре во семејниот дом во Норфолк.