(ФОТО) Преслатко: Ева Лонгорија го облекла синот во дресот на мексиканската репрезентација

Еден од најпопуларните навивачи на репрезентацијата на Мексико на Светското првенство во фудбал е новородениот син на глумицата Ева Лонгорија.
Гордата мајка на Инстаграм објавила фотографија од синот Сантиаго Енрике Бастон во дресот на Мексико со натпис „Santi“ и број 8.

Look who’s ready for #Mexico game! #WorldCup 🇲🇽🇲🇽🇲🇽


A post shared by Eva Longoria Baston (@evalongoria) on


„Погледнете кој е подготвен да игра за Мексико“ напишала Лонгориа која одамна го имала подготвено дресот за својот син.

Коментарот кој најмногу ги воодушевил следбениците на популарната глумица е оној кој под фотографијата го оставил Дејвид Бекам.
„Најдобра слика на сите времиња! Многу сум среќен поради вас. Одлична слика и горд момент“, напишал пензионираниот англиски фудбалер.

Лонгориа бргу му одговорила: „Пепе тој дрес го има со месеци. Само чекаше да го облече“.
Пејачот Рики Мартин рекол:„Таа убавина!“.
Малечкиот Сантиаго може да биде задоволен бидејќи Мексико ја совлада Јужна Кореја со 2:1.

¡Vamos Mexico! 🇲🇽🇲🇽 #BabyIsReadyForNextGame

A post shared by Eva Longoria Baston (@evalongoria) on

Ева Лонгориа синот го роди на 19. јуни.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …