(ФОТО) Познатата актерка се бори со рак во четврта фаза: „Секој ден станувам посилна“

ПЕЈАЧКАТА и актерка Оливија Њутн-Џон се бори со ракот во четврта фаза. Првпат и беше дијагностициран во 1992. година, а се врати во 2013. година, а потоа повторно во 2017. година. Оливија низ тешките моменти поминува со крената глава.
„Се држам. Секој ден станувам посилна и се подобрувам. Позитивното размислување е многу важно”, изјавила таа за Today Show. Таа е многу поддржана од нејзиниот сопруг Џон Истерлинг, кој одгледува медицински канабис на нивниот ранч во САД.

„Имам свои денови и имам свои болки, но канабисот што го одгледува мојот сопруг стана многу важен дел од моето лекување и справување со болеста. Имам многу среќа што го имам“, рекла таа.



Кон крајот на минатата година, таа рече дека се чувствува добро, иако има денови кога сè ја боли. Откако ракот и се вратил по трет пат, Оливија изјавила дека имала среќа што е се уште жива.

„Кога ќе ти дијагностицираат рак или ќе ти дадат лоша дијагноза, обично ти даваат одреден временски период, ти кажуваат уште колку време ти преостанува. Ако некој ти каже дека имаш уште шест месеци живот, веројатно ќе живеете толку долго затоа што сте поверувале. Не сакам да ја знам статистиката, не сум дел од статистиката“, изјавила еднаш Оливија за странските медиуми.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …