(ФОТО) Позната американската актерка доживеала несреќа – се наоѓа во критична состојба

Холивудската актерка Ен Хеч доживеа тешка сообраќајна несреќа во Лос Анџелес откако со својот автомобил „се забила“ во куќа.
Според TMZ, актерката прво удрила со својот автомобил во гаражата на станбениот комплекс. Сведоците наводно се обиделе да ја извлечат од автомобилот, но таа брзо се оддалечила.
Набргу потоа таа повторно се „забила“, овој пат во куќата, каде избувнал пожар кој повеќе од еден час го гаснеле 59 пожарникари .

This image has an empty alt attribute; its file name is en-hec-jpg.jpg
„Возилото се движело со голема брзина, влегло во раскрсницата и удрило во куќата“, изјавил портпаролот на полицијата во Лос Анџелес за Deadline.
Актерката е пренесена во болница со страшни изгореници, а според Си-Ен-Ен, Ен Хеч е во критична состојба.
„Таа моментално е во болница, интубирана, но се очекува да биде добро“, пишува TMZ.
Засега се шпекулира дека во автомобилот можеби имало алкохол, врз основа на виденото во нејзиното возило.


На Твитер веќе започнале со анализа на фотографиите од TMZ па сугерираат дека глумицата возела под дејство на алкохол бидејки се гледало шише со вотка.


Фото: Принтскрин/TMZ

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: пет години без нашиот истакнат писател и публицист Ефтим Гашев

Ефтим Гашев е роден во 1925 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски писател и …