Во четвртокот попладне во Виндзор Хилс, Флорида, се случила страшна сообраќајна несреќа кога 37-годишната Никол Лорејн Линтон поминала на црвено светло на раскрсница.
Како што јави Си-Би-Ес Њуз, во таа прилика загинале шест лица, меѓу кои едно бебе и една трудница, додека осум се повредени.
Линтон се соочува со обвинение за убиство од небрежност.
Меѓу повредените има шест деца и двајца возрасни, кои се здобиле со полесни повреди и се пренесени во болница.
На лице место е укажана помош на уште едно лице.
Фото: Принтскрин/YOUTUBE/ CBS LOS ANGELES