(ФОТО) ПОСЛЕДНО ОБРАЌАЊЕ – Објавена порака снимена од Масимо три дена пред неговата смрт: „Уживајте во секој момент што ви го носи овој прекрасен живот и споделете добро со сите, споделете разбирање со сите“

На официјалните профили на Масимо Савиќ на социјалните мрежи е објавена порака снимена од пејачот три дена пред неговата смрт.
Во објавата на Фејсбук навеле дека пораката е снимена за емисијата „Музик паб“ на Златко Туркаљ, а во неа Масимо последен пат и се обратил на својата публика.

„Уживајте во секој момент што ви го носи овој прекрасен живот и споделете добро со сите, споделете разбирање со сите“, рекол Масимо.


Во соопштението беше наведено дека пејачот со ова сакал да ги честита новогодишните празници.


„Со неа тој сакаше да го честита Божик и да ви ги испрати сите најдобри желби за новата година. Твои мисли, зборови и глас. Неизмерно ни недостасува на сите, наш најмил Макс”, се вели во објавата.
Комеморацијата за Масимо Савиќ се одржа на 30 декември во Хрватскиот народен театар во Загреб, а од хрватскиот пејач се простија бројни колеги, пријатели и членови на семејството.
Масимо Савиќ почина на 23 декември на 61-годишна возраст по кратка битка со ракот на белите дробови.

Фото: Архива


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 4 години без нашиот композитор, пејач и телевизиски водител Драган Вучиќ

Драган Вучиќ е роден во Скопје на 6 септември 1955 година. Тој беше познат македонски …