(ФОТО) После бизарна несреќа популарната пејачка која има 40. конци на лицето ја објавила првата фотографија

Американската пејачка и актерка Кери Андервуд напишала, на својот блог, дека има повеќе од 40. конци на лицето откако во ноември доживеала несреќа, кога се сопнала на скали во својот дом.
Пејачката на 1. јануари објавила дека чувствува дека не изгледа исто како порано откако поминала бројни операции на лицето.


„Неверојатно е колку една бизарна несреќа може да ви го промени животот. Нема да ги откривам сите ужасни детали, но ќе кажам дека по операцијата ноќта кога паднав, докторот му кажа на мојот сопруг дека имам меѓу 40. и 50. конци. Седум недели подоцна, со најдобрите лекари околу мене, се уште се опоравувам и не изгледам како некогаш“, напишала Кери.
Пејачката додала дека е среќна што целата ситуација не се завршила полошо, а пред Нова година објавила селфи фотографија на која лицето и е покриено со шал. Тоа воедно е и првата фотографија објавена по несреќата.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …