Ники Мисурели екстремно му се одмаздила на бившиот партнер откако тој и рекол дека нема да може да го издржи големото патување со мотор.
Нејзиното поранешно момче планирало „патување за момчиња“ од САД во Аргентина и таа очајно сакала да му се придружи. Таа за „Independent“ изјавила дека ја одбил велејќи дека тоа е „премногу опасно и интензивно“ за девојки.
Откако ја повредиле неговите навреди, раскинале, а таа се осмелила сама да се впушти во долга и напорна авантура. Можеби звучи како лошо сценарио, но приказната е феноменална.
Ники го положила возачки испит и ја искористи својата Honda CBR600RR за да патува низ светот. Првото патување било од Алјаска до Панама, покривајќи речиси 20.000 километри восхитувачки пејсажи!
View this post on Instagram
Со текот на времето станала зависна од „патувачкиот“ начин на живот и не сакала да престане. Таа рекла: „Немам куќа и едвај имам имот. Ги повлеков сите пари за пензија и ги продадов речиси сите мои работи“.
Таа потоа го модифицирала својот спортски мотор со додавање на двојни спортски гуми за да му овозможи да патува низ посложени терени. Минатиот месец таа го завршила патувањето од 9.000 километри низ Италија, Шпанија, Португалија, Гибралтар, Австрија, Словенија и Мароко.
View this post on Instagram
Но, ова епско патување не е секогаш толку гламурозно. Еднаш била принудена да заспие во тунел на автопат во Италија. Таа рекла: „Капував во планините, но беше навистина студено. Врнеше и јас само сакав да се сокријам некаде каде што беше топло и нема ветер. Затоа решив да ја поминам ноќта во тунелот“.
Ники има и шатор и поголема мрежа што и овозможува да спие речиси каде сака – што исто така и ги намалува трошоците. Ако размислувате како не успева ништо да работи, Ники успева да работи со скратено работно време помеѓу нејзините возења кога треба да ја надополни банкарската сметка.
View this post on Instagram
Нејзината следна авантура ќе биде Блискиот Исток или Северна Африка, а и покрај очигледниот ризик, Ники не може лесно да се исплаши. „Лошите работи можат да се случат насекаде во светот, но има повеќе добри луѓе отколку лоши“, објаснила таа.
„Сакам жените ширум светот да излезат и да патуваат. Ако сакате нешто доволно силно, можете да го направите тоа!“
Фото: Принтскрин/YouTube/Alaska Moto Girl