Бившиот фудбалер Дејвид Бекам објавил фотографија со својата миленичка, ќерката Харпер.
Дејвид и Харпер заедно уживале на лизгање, а познатиот татко на својот профил на Инстаграм објавил фотографија како ужива со ќерката.
На сликата 43. годишниот Бекам својата миленичка ја бакнува во уста.
Токму тоа било причина за бројни негативни коментари кои ги добил за фотографијата.
„Таа ти е ќерка“, „Зошто ја бакнуваш во уста?“, „Така се бакнува сопруга а не ќерка“, биле дел од коментарите.
Други пак сметаат дека во овој бакнеж нема ништо неприродно и застанале во одбрана на фудбалерот.