Тешко болен маж,Реј Ведероло (53) од Кентербери, чија сопруга и најдобар пријател сакале да го убијат изјавил дека и простува на својата сопруга.
Преживеал труење, истрел во лице и експлозија со грејач во базен од која се здобил со изгореници од втор степен, пишува BBC.
Неговата жена, нејзиниот љубовник и неговата ќерка се осудени на доживотна робија поради завера да извршат убиство на смртно болен човек. Сопругата Хејли Ведерол (32) исто така планирала да го усмрти со таблети за спиење и инсулин, Таа во затвор ќе мине најмалку 15. години, откако на судот била прогласена за виновна.
Нејзиниот љубовник Глен Полард (49) и неговата ќерка Хедер (20) се исто така осудени по точките на обвниението. Според зборовите на судијката Адел Вужилијамс, станува збор за сурвост од највисок степен, „ладна, пресметана суровост, од која ви надоаѓаат морници“.
„Правевте завера да убиете човек за кој верувавте дека ви стои на патот“, рекла таа во текот на судењето. Во текот на 2015. година, лекарите на Реј Ведерол е болен од терминална фаза на канцер на мозокот и дека му претстојат само уште 18. месеци живот. Во текот на 2017. година речено му е дека состојбата е стабилна и дека неговата состојба не се влошила.
Додека се борел за живот сопругата Хејли во меѓувреме “се фатила“ со неговиот најдобар пријател со кого планирала заеднички живот. Па смислиле серија начини како да „го отстранат“.А Глен Полард, најдобриот пријател, планирал да го турне од заедничкиот брод додека биле на риболов.
Минатата година, на 29. ноември Ведерол преживеал и истрел во лице бидејќи куршумот ја погодил неговата десна јагодична коска.