(ФОТО) Популарната пејачка доживеала голема семејна трагедија: Најстариот син се самоубил!

Крејг Рејмонд Тарнер (59), син на легендарната Тина Тарнер (78), е пронајден мртов во својот стан во Студио сити во Калифорнија, а обдукцијата покажала дека со пушка си пукал во главата.
Тина Тарнер имала само 18. години кога го родила Крејг Рејмонд, чиј татко е саксофонистот Рејмонд Хил.Кога пејачката во 1962. година се омажила за Ајк Тарнер тој го усвоил Крејг како свој син.


Gepostet von Craig Turner am Sonntag, 19. November 2017

Тина во 2013. година се откажала од американското државјанство и оттогаш со сопругот Ервин Бах живее во Европа. Веста за смртта на синот ја затекнала во Берлин, каде присуствувала на Недела на модата.
Тина порано зборувала за злоставувањето кое го доживела од сопругот Ајк во време на растењето на Крејг.


Gepostet von Craig Turner am Mittwoch, 29. März 2017


„Тој беше емотивно дете и секогаш ќе ја наведнеше главата. Беше тажен.Се сеќавам дека кога Ајк ќе ме тепаше,Крејг ќе чукаше на вратата и викаше – мамо, дали си добро. Тогаш го замолив повеќе да не ме тепа дома за да децата не слушаат“ и се исповедала Тина Тарнер на Опра Винфри во специјалното интервју снимено во 2005. година.
Со Ајк Тарнер го добила синот Рејмонд и ги усвоила двете негови деца од претходните врски. Во интервјуто открила и дека во 1968. година абортирала дете од Ајк бидејќи дознала дека една придружна пејачка е бремена од него.

Gepostet von Craig Turner am Samstag, 2. Juni 2018

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Книжевен кружок во Илика

Третата средба на книжевниот кружок ќе се одржи денес со почеток во 17:00 часот во …