„Џепната Венера“ прекинала со британскиот глумец Џошуа Сасо кон крајот на 2016. година, а прекинувањето го објавила во февруари наредната година. Иако, не ги открила причините се шушкало дека глумецот ја изневерил…
Иако минатата година си ја отворила душата и признала дека бившиот свршеник и ги уништил самодовербата и вербата во љубов, се чини дека Кајли Миног (50) се опоравила од споменатите трауми и нашла нова љубов.
Имено, австралиската пејачка некое време е во врска со креативниот директор на списанието GQ,Пол Соломонс (43) а се запознале преку заеднички пријатели.
Сега, својата врска и официјално ја објавиле на Инстаграм и тоа со романтична фотографија на која позирале прегрнати во Њујорк.
Да потсетиме, „џепната Венера“ со британскиот глумец Џошуа Сасо (30) прекинала кон крајот на 2016.а раскинувањето го објавила во февруари наредната година. Иако не ги открила причините за раскинувањето на свршувачката, се шушкало дека глумецот ја измамил со колешката Мартина Миланис (34).
Но, набргу потоа се огласил и Џошуа кој од Кајли барал да не се лути што ја искористил за упредување на кариерата.Кајли и Џошуа се свршиле во февруари 2016. година, после две години врска, а Миног со него планирала и семејство. Свршувачката ја објавиле во австралиските весници.
„Требаше да му верувам на својот инстинкт, но сега е предоцна. Побогата сум за едно искуство“ рекла тогаш пејачката. После крахот на романсата со Британецот, Кајли рекла дека „веројатно нема никогаш да се мажи“.
Но, никогаш не се знае, нели.