(ФОТО) Пополните дами кои шетаат во Париз во долна облека се најубавата сцена на летото

На Париската модна недела, публиката ја освоија жени кои промовираа позитивизам на телото како дел од „The all sizes catwalk”.
Големи и мали, округли и витки, од различна возраст и градба на тело – сето тоа се прекрасни жени кои во Париз ја осветлија сликата на која не е навикнат модниот свет. Онаа што се разликува од вообичаената што ја наметнува модната индустрија со децении.


„Не можам да најдам зборови за да ви искажам благодарност. Не само од мое име, туку и за сите нас … Секој што се чувствува лошо во својот живот поради својот изглед, ова е за вас! Тоа беше порака исполнета со љубов и поддршка што им е потребна на многу луѓе“, рече Џорџија Стајн, основач на модната писта „The all sizes catwalk”.
Идејата е дека жените собрани во оваа група не мотивираат да се прифатиме себе такви какви што сме.


View this post on Instagram


A post shared by The All Sizes Catwalk (@theallsizescatwalk)


Всушност, на Париската модна недела оваа година, навистина можевме да видиме модели од сите возрасти, националности, но и големини!
Ваквите иницијативи во рамките на најголемите Модни недели во светот континуирано ќе го менуваат начинот на кој гледаме на идеализираниот и нереален поглед на жените. Во последниве години, секако, се движиме во таа насока.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …