(ФОТО) “Подебела е десет килограми”: Необичниот изглед на Меланија поттикнал секакви гласини!

“ДВОЈНИЧКАТА” на Меланија Трамп се вратила.
Првата дама на Соединетите Американски Држави неодамна со нејзиниот сопруг, американскиот претседател Доналд Трамп, била на патување во Охајо, а таму стигнала во чудно издание. Набргу, оживеала старата теорија за двојничката, која ја менува кога не може некаде да оди со Трамп.


Во текот на денот, Меланија носела бело палто и здолниште и црна кошула со бели точки, но корисниците на Twitter забележале дека Меланија што излегла од авионот и онаа што подоцна одела со Трамп, доста се разликувале .


“Бојата на косата не е иста, патецот не е ист, немаат иста кошула ниту јака на сакото. Другата Меланија нема лого на очилата. Оваа од авионот е десет килограми подебела”, „бруеле“ социјалните медиуми.
Исто така, беше забележано дека „двојничката” има пошироко лице од Меланија, која инаку ја гледаме и дека е посрдечна во поздравувањето на луѓето.

Првите гласини за двојничката се појавиле пред десет месеци. Сомневањето било поттикнато од нејзиниот настап со Доналд во дворот на Белата куќа, при што Доналд зборувал за ураган што го погоди Порторико и нуклеарен договор со Иран. За тоа време, Меланија стоела покрај него, додека половина од нејзиното лице го прекривале очилата за сонце. Твитер е особено нервозен за нејзиниот нос, кој бил пошилест од обично, но многу поголем.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …