(ФОТО) ПО ПОЛОЖУВАЊЕТО ЗАКЛЕТВА – Емотивна средба во српското Собрание: Тригодишниот син на Ана Брнабиќ и дотрчал во прегратка

По давање заклетва во српското Собрание, присутните биле сведоци на емотивни сцени откако синот на премиерката Ана Брнабиќ и дотрчал во прегратка.
Српската премиерка Ана Брнабиќ вчера во Собранието со членовите на новата влада положувала заклетва, а церемонијата ја следеле нејзината партнерка Милица Ѓурѓиќ и нивниот тригодишен син Игор.
За време на церемонијата на положувањето заклетва, Ана мавнала кон галеријата во која биле членовите на нејзиното семејство и ги поздравила.

This image has an empty alt attribute; its file name is ana-brnabic-so-sinot-1-jpg.jpg


На фотографиите направени по церемонијата е забележана емотивната средба на српската премиерка со нејзиниот син.
Додека ги поздравувала присутните во Собранието, малечкиот не се поместувал од прегратките на Ана.
Брнабиќ и нејзината партнерка, како и другите ЛГБТ+ парови во Србија, не се водат како „нормално семејство“, за што таа проговори оваа пролет.
„Кога размислувавме за дете, верувале или не, разговаравме со семејства кои имаат дете. Имам еднакви права, односно ист недостаток на права. Ако утре нешто ми се случи, мојот партнер нема да има поинаква правна заштита од кој било друг кој има ЛГБТ партнер во нашата земја“, рекла Ана во таа прилика.
„Точно е дека детето не е мое на хартија, но тоа е мое во срцето и како такво веќе не може да биде повеќе мое. Како да сум го родила, како да сум негов биолошки родител“, порачала таа.

Фото/извор:klix.ba


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …