(ФОТО) Пирс Броснан станал дедо

Актерот Пирс Броснан на својот Инстаграм профил ја објавил среќната вест дека станал дедо на момчето Џексон Илијах родено пред пет дена.
-Џексон Илијах Броснан, роден во 15:06 12/11/2022… Благослов за тебе, мое најмило внуче, добредојде. Честитки, драги мои Шон, Сања и Марли. Мир со вас, напишал гордиот дедо на Инстаграм.

Неговиот син Шон Броснан се оженил со Хрватката, Сања Баниќ, чии родители се од задарската област, а Сања е родена во Њу Џерси. Сања е продуцент, а пред тоа работела како модел, а потоа и како актерка. Шон и Сања ја имаат и ќерката Марли Меј.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Тоби Мазхар со најава за песна со светски рапер

По двегодишна пауза, турскиот пејач, текстописец/продуцент Tolga „TOBY” Mazhar се враќа со долго очекуваното продолжение …