(ФОТО) Пет улоги во една серија: Роберт Дауни Џуниор непрепознатлив

Се појавија фотографии од сетот на новата серија на HBO, чија главна ѕвезда изгледа речиси непрепознатливо.

57-годишниот актер целосно се трансформирал за својата нова улога со помош на протетика, а ни фановите не успеале да го препознаат.



Роберт Дауни Џуниор се појави во сини панталони и розова кошула и со сосема поинакво лице, поголем нос и виткана портокалова коса.


Пет улоги во една серија
Ова е само една од петте улоги што ќе ги портретира во мини серијата „The Symphatizer“, шпионски трилер за француско-виетнамски шпион кој им дава информации на комунистичките сили за време на Виетнамската војна.
Серијата ќе се емитува оваа година, но датумот на излегување се уште не е познат.
Погледнете како Роберт Дауни Џуниор изгледа во серијата и колку не личи на себе.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …